Шилегов: Институциите да работат законски – СДСМ ќе поднесе 4 тужби


Запрашан дали пред Управен суд ќе го обжалат последниот предмет што го разгледуваше ДИК, дали ќе го обжалат и гласањето и колку предмети ќе обжалат, но и од каде знае дека Груевски е во опозиција кога Управен суд се уште не расправал, дали тоа прејудицира судска одлука, Шилегов рече:petre-silegov

– Кажав 4, еден од тие 4 е токму тој којшто вчера се донесе контроверзна или не се донесе воопшто одлука по тој приговор. Имајќи во предвид изборниот резултат, поразот, фактот дека околу 700.000 граѓани во Република Македонија се одлучија за промени на овој начин на корумпирано и криминално владеење, и доволно говори што сакаат граѓаните. Граѓаните го кажаа своето на 11 декември. Значи исходот на тужбите, бројот на пратениците или на мандатите немаат политичка врска со тоа кој ќе ја составува владата. Никола Груевски е минато во политиката. ВМРО ДПМНЕ е во опозиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1