Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра.
Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта, рече денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот.
Тој додаде дека Градот има долг од 36 милиони евра и дека е срамота извршувањето на буџетот за 9 месеци да е 50 отсто.