Шишињата во иднина ќе се јадат


Шишињата на иднината би можеле да се јадат. Научниците од Харвард развија посебен материјал што се јаде, наречен ВикиСелс (WikiCells), што може да поприма разни вкусови. Станува збор за комбинација на биоразградлив полимер или пластика и честички на храна.

bottled-water-plasticНаучниците појаснуваат дека станува збор за цврст материјал, сличен на лушпа од јајце, кој може да се пополни со различни вкусови – од портокал до чоколадо и вино. Таквата обвивка ќе може да се излупи, или во целост да се изеде.

Инженерот за биомедицина, Дејвид Едвардс, рече дека сè уште не направиле шишиња од споменатиот материјал, но се надеваат оти наскоро ќе имаат прототип. Тој додава и дека идејата за иднината е произведството на шишиња што се јадат да им биде достапно на сите компании.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1