Шлепер се преврте во Ѓорче Петров, сообраќајот во хаос


Камион со приколка со кумановски таблички, ноќеска околу 2.30 часот се превртел на кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров. За среќа, велат од полицијата нема повредени, а предизвикана била само материјална штета, јавува Плус инфо.

sleper0gjorce-2-500Истрагата утврдила дека камионџијата кој е од Куманово, најверојатно поради неприлагодена брзина, изгубил контрола кога камионот бил на половина пат да го заобиколи кружниот тек. Во еден момент, „главата“ на шлеперот удрила во бетонските столбчиња крај патот, по што се превртела приколката на среде пат. Иако несреќата се случила рано утрово, седум часа по несреќата камионот не беше отстранет, па граѓаните на овој дел од Скопје, но и тие кои сакаа да патуваат кон Тетово, мака мачеа да се пробијат во големите колони, кои на некои места достигнуваа и до два километри.

Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1