Ју тјуб наскоро би можел да почне да наплаќа за прегледување на содржините во замена за отстранување на рекламите, изјавила директорката на најпознатиот светски видео пребарувач Сузан Војицки.
Посетителите на страната во иднина би можеле да бираат помеѓу рекламите или можноста да платат за проследување на содржините, изјавила Војицки на конференција во САД.
Ју тјуб во моментов се финансира така што посетителите мора да проследат кратки реклами пред да го проследат бараното видео.
-Размислуваме за тоа на корисниците да им дадеме избор, рекла директорката која тврди дека има корисници кои што се подготвени да платат за да не гледаат реклами.
Сопственикот на овој сервис, Гугл е еден од најважните понудувачи на огласи на интернет и од минатата година постои можност корисниците да може да платат одредени содржини.