Колку Жељко Митровиќ тешко ја поднел смртта на Ивана Бодражиќ, најдобро се видело на погребот во Сириг. Тажни крици од болка, солзи и гласен лелек на погребот на трагично загинатата девојка.
Тоа можеби остана и незабележано, бидејќи обезбедувањето на Тв „Пинк“ им забранило пристап на новинарите на погребот, но неколку пријатели на семејството Бодражиќ и сопственикот на „Пинк“ сепак одлучиле да прозборат.
-Стоеше во капелата покрај мајка и на Ивана и примаше сочуство. Кога започна опелото го извикуваше името на Ивана, а потоа падна на сандакот и заплака, раскажала за српски блиц Љиљана С., од Сириг.
Неколку пати го прекинувал попот.
-Прво му велеше на свештеникот: Зошто твојот шеф (мислејќи на Бога) не ме зема мене, туку нејзе? Кога попот побара прошка за сите гревови на Ивана, Митровиќ дофрлаше: Нема таа никакви гревови…, вели Љиљана С.
Митровиќ положил два венци на кои пишувало: „Твојот Жељко“ и „Ожалостени мајката Нада и Жељко“.
Пријателите на Ивана не сакаат да го коментираат фактот што Митровиќ на погребот отворено ја покажал својата тага.