На почетокот на судењето, судијата Јелена Скулиќ ги извести обвинителството и бранителите дека мистериозно анонимно писмо пристигнало од Швајцарија на 22 октомври и дека обвинителството „треба да одлучи дали ќе постапува по тоа“.
Според неофицијалните информации, во писмото се вели дека Јелена не била убиен од Зоран, туку од некој друг, па дури и го навеле и името на човекот обвинет од авторот на тоа мистериозно писмо дека ја убил Јелена.
Во писмото се тврди дека Јелена била удрена повеќе пати со тап предмет во главата од човек кој бил клиент на мајката на Зоран, Зорица
Драгоје Милинковиќ, бизнисмен од Прибој, ја уби гранд пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, но по наредба на нејзината свекрва, Зорица Марјановиќ, се вели во писмото, тврди српски Курир кој наведе дека во денешното печатено издание ќе го објави писмото и неговата содржина.
,,Курир го поседува ова писмо, кое ексклузивно го објавуваме во печатено издание. во него се вели дека таа му понудила пари да ја убие снаата.,,
„Убиецот знаеше каде ќе трча и тој чекаше таму по упатствата на Зорица“, пишува анонимниот испраќач …
Инаку Зоран во својата одбрана изнесе дека се сеќава дека тој ден забележал неколку непознати луѓе и автомобили на насипот покрај него, кои полицијата не ги идентификувала. Тој зборуваше и за потрагата по неговата сопруга, како и кога дозна дека Јелена е пронајдена мртва и тврди дека истрагата против него не била воопшто коректна.