Арон Хернандез (27), поранешниот играч на Њу Ингланд Патриотс и ѕвезда на американскиот фудбал, кој беше осуден за убиство, е пронајден обесен утринава во затворот во Масачусетс каде служеше доживотна затворска казна.
Си-Ен-Ен пренесува дека ден претходно е ослободен за друг случај за убиство.
-Имаше обиди да му се спаси животот, но неговата смрт е прогласена во болницата во која е пренесен, велат официјални лица од затворот.
Како што се наведува, Хернандез се убил така што закачил чаршаф на прозорецот во затворската ќелија. Тој се обидел и да го блокира влезот во ќелијата со разни предмети.