Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, Русинот Роман Абрамович изгуби 360 милиони евра за 48 часа поради падот на рубљата.
Имотот на Абрамович е проценет на 10,2 милијарди евра.
И други руски милијардери, сопственици на големи европски клубови изгубија големи суми пари поради монетарната криза во Русија. Косопственикот на Арсенал, Алистер Усамов изгуби 658 милиони евра.
Сопственикот на францускиот фудбалски клуб Монако, Дмитриј Риболобљев изгуби 122 милиони евра.