Жената која имала секс со делфинот во рамките на научната студија најпосле решила да проговори за своето искуство по прв пат.
Истражувачот на животни Маргарет Хју Ловит во 1963 година се согласила својата куќа на Девствените острови да ја претвори во делфинариум за потребите на истражувањата кои ги спроведувала НАСА, а во кои животните се обидувале да ги научат да комуницираат на англиски јазик.
Таа ја претворила куќата во аквариум така што ја поплавила со вода до колена за да можат истражувачите да ги набљудуваат од својот дом.
Овој експеримент завршил трагично за несреќните животни, а уште со години подоцна се наведувал како класичен пример на злоставување на животните.Сега, 50 години подоцна, Би-би-си одлучил за неа да сними документарец и и дозволил да го изнесе своте видување. Документарецот ќе биде премиерно прикажан на Фестивалот на документарен филм во Шефилд.
– Беше турбулентно време на сексуалната револуција, а јас бев отворена за се што ме снајде во животот – рекла Маргарет.
Исто така во нејзината куќа пристигнал Питер, делфин кој го опишала како „животно кое сексуално созрева“. Со него, вели Маргарет, поминувала многу време, а со тек на време и физички се зближиле.
– Питер сакаше да биде со мене. Се триеше од моето колено, моето стапало или рака и јас тоа му го дозволував. Не беше непријатно се додека не беше прегрубо. За мене тоа не беше сексуално, а нему му беше потребно. Беше едноставно полесно тоа да се инкорпорира и да се дозволи да се случи. Беше драгоцено и нежно, Питер беше тука и знаеше дека и јас сум тука – рекла Маргарет која признала дека и рачно го задоволувала! Таа тврди дека на почетокот одбивала, но подоцна за потребите на истражувањата кои гои спроведувала одлучила да му помогне да „ги олесни неговите нагони.“
Но, она што таа го опишува како „невино истражување“ повеќето го сметаат за болна бруталност врз животните. Проектот кој започнал со идеалистички цели потонал во мрачни води. Експериментот бил трагично завршен, а со години постоеле гласини за злоставувањето на делфините со дроги, а тука била и скандалозната природа на односот помеѓу Маргарет и Питер.
Делфините загинале во нејзината куќа, а иако причината за смртта никогаш не е разјаснета со години се шпекулирало дека врз нив се спроведуваат експерименти со ЛСД.
– Добив голем број писма во кои бројни меидуми сакаа интервју, но не направив ниту еден – се до денес, констатирала Маргарет.