Полицијата во Лос Анџелес соопшти денеска дека не верува дека пукањето во локалното средно училиште „Салвадор Кастро“ во кое потешко се ранети двајца ученица, а полесно тројца, било намерно, наведува „ЛА Тајмс“.
По пукањето е уапсена 12-годишна ученичка.
Весникот го пренесува и мислењето на учениците дека „некој случајно си играл“ со полуавтоматски пиштол.
„Според моменталните информации изгледа дека во прашање е изолиран инцидент и случано пукање од оружје во кое за жал се повредени недолжни деца и член на персоналот, соопшти полицијата на Лос Анџелес.
Пукањето се случи во четвртокот околу 9 часот во училиштето „Салвадор Б. Кастро“ недалеку од центарот на Лос Анџелес.
„Некој одлучил да донесе пиштол, веројатно некој се играл со него. Мислеле дека во прашање е лажен пиштол“, рече едно од децата во училиштето.
На самото место е пронајден полуавтоматски пиштол.
Родителите и жителите имаат различни ставови за безбедноста во училиштето. Едни говорат дека таму проблем е малтретирањето, додека други велат дека поголем проблем се бандите кои се собираат околу училиштето и во соседството.