Американската полиција во Охајо објави шокантни фотографии од една двојка која се предозирала, додека со нив во автомобилот било и четиригодишниот син на жената.
Ронда Пасек и Џејмс Акорд се обвинети за занемарување на детето откако полицијата ги затекнала во очајна состојба во автомобилот во американскиот град Источен Ливерпул.
Додека родителите онесвестени лежат по консумирањето на хероин, момчето седи избезумено, молчејќи на задното седиште.
Од полицијата е соопштено дека фотографиите ги објавиле за да ја „покажат морничавата страна на употребата на наркотици, посебно на хероинот“. Четиригодишниот син на Ронда го преземале социјалните служби.
– Ова дете на може да му ја раскаже на светот својата приказна, но се надеваме дека овие фотограии ќе направат луѓето два пати да размислат пред во вената да ја забијат инјекцијата со овој отров, посебно додека со нив се наоѓа мало дете – соопштиле од полицијата.
„Свесни сме за фактот дека овие фотографии за некои луѓе би можеле да бидат навредливи и за тоа се извинуваме, но крајно време е и другите кои не се дрогираат да видат со што се соочуваме секој ден“, додале од полицијата.
Исто така, во изјавата се додава и дека полицаецот Кевин Томспон во извештајот навел дека мажот е пронајден како се клати напред-назад и зборувал неразбирливо, додека Ронда била во бесвесна состојба, а нејзиното тело веќе почнало да добива модра боја.
Помеѓу нејзиното нозе полицаецот пронашол парче хартија на која останала трага од розеникава пудреста супстанција.