Шпанскиот пилот во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо заработил толку силен потрес на мозокот за време на неодамнешниот инцидент на тренингот во Барселона, по што ги исплаши шефовите на Мекларен.
Алонсо притоа доби тежок потрес на мозокот, а накратко имал целосна амнезија со оглед на тоа што мислел дека е 1995-та година. “El Pais” пренесува дека двократниот Ф1 шампион после краткото време поминато во несвест се разбудил комплетно изгубен.
„Се викам Фернандо, имам 13 години, се натпреварувам во картинг и сакам да станам Формула 1 возач“, одговорил Алонсо на основното прашање кое се поставува во случај на контузија на главата.
Алонсо одреден период воопшто не се сеќавал на последните 20 години од неговиот живот, но сепак за среќа набрзо се вратиле сеќавањата. Шпанеот ќе ја пропушти првата трка од новата сезона во Австралија која е закажана за 15-ти март.