Имено, дваесет и деветгодишната Ху Хуан од кинеската провинција Хенан родила син во 2003 година, меѓутоа набрзо по пораѓањето доживеала неочекувани физички промени. Така, по шокантната трансформација, таа повеќе наликувала на баба на своето дете, отколку на мајка.
Станува збор за болест предизвикана од мутација на гените, кои што се вклучени во формирањето и функционирањето на еластичните влакна, што прави заболените да изгледаат неколку децении постари од она што навистина се.
На Хуан и била дијагностицирана болеста cutix laxa, која што претставува заболување на сврзалното ткиво, при што кожата на пациентот станува опуштена и ја губи својата еластичност. Пациентите со ваквото заболување одеднаш стареат, па така, Хуан за кратко време наликувала на 80 годишна жена.
Според податоците на Националниот институт за здравје, досега се пријавени околу 200 случаи на семејства во кои што се појавило вакво необично заболување.
Болеста е често предизвикана од мутацијата на гени кои што се вклучени во формирањето и функционирањето на еластични влакна. Ова може да претставува сериозен проблем, пред се затоа што станува збор за обезбедување на сила и флексибилност на сврзалното ткиво, што е важно за целиот организам и телото.
Младата мајка денес избегнува да се гледа во огледалото и да се појавува во јавноста поради нејзиниот сегашен надворешен изглед. Исто така, таа изјавила дека нејзиниот син се срами од неа, а таа веќе два пати се обидела да изврши самоубиство. Сепак, Хуан потврдила дека најголема поддршка добива од својот маж.