Некогашниот тренер Тим Гровер откри како Мајкл Џордан вечерта пред петтиот натпревар против Јута Џез бил буквално труен.
„ Бевме сместени во хотелот Парк Сити и сите знаеја дека Булси таму отседнуваат пред мечот со Јута. Мајлл вечерта огладне, а собното послужување не работеше. Му порачав пица од блискиот ресторан. Пет лица ни ја донесоа пицата, ми беше сомнително, а само Џордан јадеше, никој друг од играчите. Ноќта ме разбуди телефонот, Џордан се превиткуваше од болки, веднаш знаевме дека не е грип туку дека е труење со храна. Намерата беше јасна, некој од играчите да биде оневозможен да настапи, а јадеше само Мајкл“, се присеќа и раскажува Гровер.
Таа петта средба остана запаметена по тоа што изнемоштениот Џордан постигна 38 кошеви, Чикаго го доби мечот со 90-88, а сликата кога Џордан после натпреварот буквално му се сруши на раце на Скоти Пипен и така го изнесоа од салата го обиколи светот.
„Невиден натпревар на болниот Џордан, каква храброст“, беа зборовите на коментаторот Марв Алберт.
Никој тогаш не знаел дека не е болест туку намерно труење со храна, а неколку дена подоцна Чикаго во својата сала славеше уште еднаш со 90-86, Џордан повторно уфрли фантастични 39 поени и Булси го освоија прстенот.
Izvor – Sport Arena