Турција тврди дека ги поседува оргиналните списи од Евангелието според Варнава, религиска книга напишана на животинска кожа на арамејски јазик што го говорел Исус Христос, а која наводно потекнува од петиот век. Многумина тврдат дека ова Евангелие би можело да ги „раздрма“ темелите на христијанството бидејќи ги отфрла тврдењата дека Исус Христос бил син Божји, дека е распнат, а потоа воскреснат.
Книгата во моментов се наоѓа во Анкара, а запленета е во тек на една антикриумчарска акција на турската полиција уште во 2.000 година и оттогаш е чувана во тајност. Се проценува на вредност од 28 милиони долари. Ватикан официјално побарал да ја испита нејзината автентичност.
Во врската со верзијата за животот на Христој постои наводно сведоштво за негова проповед дека новиот месија ќе се вика Мухамед и дека ќе биде Арап и дека тој конечно ќе го спаси светот од грев.
Во книгата се наведува дека Исус не бил син Божју, дека не е распнат на крст туку дека на крстот страдал Јуда Искариот. Доколку се покаже дека списите се автентични односно дека Исус признал дека е човек, а не Бог, во тој случај Светото Тројство во целост би било безначајно.
Инаку, расправата за Евангелието по Варнава трае веќе векови. Во Исламот тоа се смета за единствено вистинско Евангелие. Наводно, Варнава тврдел дека е единствен современ сведок на животот на Исус Христос и сакал само да ја каже вистинстата за христијанството.
Истовремено, не ги признаа главните темелли на христијанската вера, кои и Исламот ги отфрла. Експертите во ова евангелие пронашле многу нелогичности поради што неговата автентичност е под знак на прашање.
Според верувањата, Варнава е роден на Кипар, името му било Јосиф. Апостолите го нарекле Варнава (син на утехата) бидејќи умеел да ги теши луѓето. Со апостолите Павле и Марко го проповедал евангелието во Антиохија. Починал на Кипар откако бил каменуван од Евреи.
NetPress.mk