Шокантно: САД со децении го труе народот со радијација поопасна од онаа во Чернобил


Nuklearna-elektrana-u-Hanfordu-SAD-United-States-Department-of-Energy

Кејт Браун, професорка по историја на универзитетот во Мериленд  предизвика голема паника кога обелодени дека во мирното градче Ханфорд има нуклеарен погон од каде со години истекува опасен нуклеарен отпад.

Токму овде е изработена атомската бомба Fat Man која на 9 август 1945 година беше уништен Нагасаки во Јапонија.

Ова е накратко содржината на неодамна објавената книга „Плутопија: Нулеарни фамилии, атомски градови и големи советски и американски плутониумски катастрофи“, чија автор е Кејт Браун.

„Бев изненадена кога дознав дека постојат две места во светот каде се испуштаат од два до десет пати повоќе радиоактивни изотопи отколку во Чернобил. Но многу малку луѓе знаат за тоа.

86-660x300Така одлучив да напишам книга за Ханфорд и Мајак“, вели Браун.

Несреќите во Чернобил и Фукошима се случија во еден ден, јавноста го гледаше тоа. Но малкумина слушнале за плутониумската катастрофа во Мајак и Ханфорд бидејќи тоа беа бавни процеси кои се одвиваа со децении – рекла таа.

Тоа беше свесно испуштање радиоактивен отпад во околината, во отворени јами, реки, мочуришта, во воздухот што се сметало како нормална активност во советските и американски нуклеарни централи во текот на 4 децении – додава Браун, истакнувајќи дека Мајак и Ханфорд биле „дизајнирани катастрофи“.

nuklearna_kamp_564940S1Друга причина зошто овие два града не се посочувани како нуклеарна катастрофа е затоа што американските и советските лидери покрај плутониумските реактори подигнале удобни и просперитетни градови, ексклузивно за работниците во нуклеарните погони.

Иако поголемиот дел од тие луѓе биле обични работници им било платено добро и живееле како професионалци од средна класа. Нивните деца учеле во најдобри училишта, преубави куќи, пари и сл…

Popara – Jutarnji

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1