Шокантно: Се жалел на отежнато дишење – еве што нашле лекарите


Хирурзите од Корум, централна Турција од стомак на пациент извадија тумор тежок 15 килограми, јави агенцијата Анадолија.operacija sala lekar

Средовечен пациент се жалел на отежнато дишење. При хоспитализацијата утврден е оток на нозете, наведено е во пишаното соопштение од Клиничкиот центар при Универзитетот Хитит во Корум.

На хируршкиот зафат работел цел тим најдобри лекари од овој центар. При тоа му е изваден тумор долг 65, а широк 35 сантиметри.

-Кога ја анализиравме литературата, забележавме дека ова е прв пат успешно да се изведе операција на тумор со оваа тежина. Пациентот по операцијата немаше компликации и продолжи со терапија. Ова беше многу ризична операција и технички тешко изводлива, но драго ни е што успеавме, вели еден од хирурзите кои учествуваа во операцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1