Шокантното судење на ХИВ-позитивниот маж кој спиел со 104 жени поради „сексуално чистење“


Обичаите во некои делови на Малави наложуваат на мажот, познат како „хиена“ да му се плати за да има сексуални односи со вдовици и девојки кога ќе ја добијат првата менструација.

Судот во Малави го осуди ХИВ-позитивниот маж кој призна дека има сексуални односи со 104 девојки и вдовици во традициоален ритуал на „сексуално чистење“._90455797_aniva-brighter-976

Ерик Анива (45) е прогласен за виновен по две обвиненија на еднодневното судење во претрупаната судница во дистриктот Нсање.

– Јасно е дека државата докажа надвор од секое сомнение дека обвинетиот бил вклучен во штетни работи. Ве прогласувам за виновен -рекол судијата Неби. Пресудата ќе биде изречена на 22 ноември.

Во пресудата не е земено предвид дека обвинетиот е ХИВ-позитивен, бидејќи немало докази дека девојките и жените се заразиле со вирусот.

Случајот на „хиената“ Анива предизвика контроверзии во оваа јужноафриканска земја, каде што активистите за женски права го нарекоа злоставувач, додека други го означија како „жртвено јагне“ поради обичајот.

Државниот обвинител Банда барал долгогодишна казна затвор за Анива, велејќи дека веројатно е одговорен и за ширењето на ХИВ. Максималната казна со којашто се соочува е пет години затвор.

Малави е една од земјите во светот која најмногу е погодена со ХИВ, со 27.000 смртни случаи поврзани со сидата, додека девет отсто жители се заразени со ХИВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1