Шпанија воведува вонредна состојба и полициски час до мај


Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, најави воведување вонредна состојба во претстојниот шестмесечен период, по што ќе следи полициски час низ целата земја, со исклучок на Канарските острови.

„Ситуацијата низ која минуваме е екстремна“, рече Санчез во телевизиското обраќање пред своите сограѓани по вонредниот состанок на Советот на министри.

Вкупниот број на случаи во Шпанија е повеќе од еден милион и земјата во моментов се соочува со навидум неконтролирано зголемување на бројот на нови инфекции.

Санчез рече дека во таков контекст, воведувањето на „вонредна состојба е најефективната мерка за корекција на кривата на заразата“.

Тој посочи дека вонредната состојба првично ќе трае 15 дена, како што е предвидено со Уставот, и дека после тоа ќе побара од членовите на Претставничкиот дом да го продолжат до почетокот на мај. Тој го спомена 9 мај како датум на крај на вонредната состојба во земјата.

Кога станува збор за полицискиот час, шефот на шпанската влада рече дека во принцип ќе трае од 23 до 6 часот наутро, со можност да се поместат одредени региони еден час напред или назад, во зависност од ситуацијата во регионот. Единствен исклучок ќе бидат Канарските острови поради малиот број на лица заразени со коронавирус, рече премиерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1