Се уште е свеж примерот со аферата „Сноуден“. Едвард Сноуден како екс разузнавач во ЦИА, предизвика контраверзи во јавноста со објавувањето документи за постоење голем број тајни проекти за надгледување и следење на комуникациите. Со нив Сноуден тврдеше дека САД спровеле хакерски напади врз компјутери ширум светот.
Со користење на домашните инсталации и логистики, разузнавачките служби во туѓи земји не ретко се решаваат на прислушување. Не се имуни ниту моќните држави. Норвешка, САД, Русија, Германија, Велика Британија, а најсвеж пример за тоа е и Грција.
Лани во декември во Норвешка беше актуелен случајот со откривањето на работата на агентурна мрежа чија цел било прислушкување на политичкиот и општествениот естаблишмент.
Државните институции во Осло се сместени во периметар од еден километар, канцеларијата на Премиерот, Министерството за одбрана, Централната банка, пратениците, бизнис секторот, нафтениот трезор во вредност од 6 билиони норвешки круни.
Токму во овој простор биле инсталирани тајни трансмитери кои наликуваат и служат како мобилни базни станици и кои може да ги прислушкуваат сите активности и разговори преку мобилен телефон.
6 базни станици биле управувани од неколку згради во Осло. Норвешките медиуми пишуваа дека ваквата напредна технолошка опрема е многу скапа и не може легално да се продаде на приватен субјект.
Таа може да се користи единствено од разузнавачка служба. И во Грција беше обелоденет сличен случај. Минатата недела траги од прислушкување беа лоцирани во областа каде се наоѓаат седиштата на Сириза и Неа Демократија.
Мобилните телефони биле под надзор на лажни базни станици. Шемата иста како и во Норвешка. Експертите велат дека само организации со силни ресурни можат да ангажираат вакви лица и опрема.
Од аферата со прислушувањето не беше заобиколена ниту Русија. Минатиот ноември протера неколку полски и германски шпиони со обвинение за разузнавачка дејност.