Штерјо Наков го продаде Фершпед?


Штерјо Наков ги нудел за продажба акциите од „Фершпед“ во сопственост на неговите синови на странски акционери, пишува Нетпрес.

sterijo nakovИзворите на кои се повикува Нетпрес велат дека Наков во вторникот во хотелот „Александар Палас“ имал средба со претставник на странските акционери, кому му ги понудил за продажба своите, но и акциите во сопственост на неговите синови, Драган и Сашо.

Драган Наков во изјава за Нетпрес ги демантирал овие информации.

На прашањето, „дали е вистина дека семејството Накови ги продаваат своите акции во Фершпед“, само накратко изјавил,: „Не, никој не ги продава!“

Странските акционери и двајца поголеми македонски акционери во „Фершпед“, кои заедно имаат 15 отсто од акциите во комапнијата, еден ден потоа, како што дознаваме, поднеле барање до Управниот добро за вонредно собрание.

Инаку здружените македонски и странски акционери во „Ферпшед“, моментно поседуваат околу 35 отсто од акциите, додека спротивниот табор, односно Штерјо Наков и неговите двајца синови, имаат околу 25 отсто.

Со ова ново барање, домашните и странските акционери се заинтересирани за промени во начинот на работење и управување со компанијата, по пат на свикување и одржување на вонредното собрание на акционери.

Вчера беше обеледенето дека преку Македонската Берза се продадени вкупно 209 акции, односно 1,2 отсто од вкупниот капитал на компанија, по цена од 122 илјади денари. Купувачот на овие акции платил 415 илјади евра.

Купувачот на акциите се очекува да биде познати утре, пишува Нетпрес.

Денеска од компанијата преку Берза објавија дека вонредното собрание е закажано за 10-ти јануари следната година на дневен ред ќе се најдат повеќе теми меѓу кои и смена на актуелното раководство на „Фершпед“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1