Штип: И барал пари – не му дала, ја искршил од ќотек, давел, па понудил да ја носи во болница


Вчера околу 10 часот во Штип во куќата сопственост на Д.М.(61) дошол В.С.(49) со кого се познавале подолг период, а кој претходно изведувал градежни работи во нејзиниот дом за одреден паричен надомест.

Во разговор тој и побарал 2.500 евра (кои наводно му биле потребни за да оди во Словенија), при што истата се согласила да му најде работа, односно му понудила да изврши одредени поправки во нејзиниот дом.tepanje nasilstvo

По кратко време додека седела на стол, почувствувала силен удар во пределот на тилот, по што В.С. ја фатил и почнал да ја дави, велејќи и дека ќе ја убие доколку не му даде пари.

Д.М. го удрила со рака во пределот на главата по што истиот ја пуштил и повторно почнале да разговараат.

Таа му рекла дека ќе му даде пари, но дека ќе мора да извади од банкомат, на што тој се согласил. Кога пристигнале кај банкомат на ул.„Ванчо Прке“, Д.М. три пати го погрешила пинот и картичката и била повлечена.

Бидејќи од здобиената рана на главата крварела, В.С. се понудил да ја однесе во болница, но таа одбила и му рекла да се оддалечи од неа.

Тој си отишол, а Д.М. повикала Брза помош по што и била укажана лекарска помош В.С. е пронајден и приведен, со истиот е извршен разговор и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1