Утрово во 06.45 часот на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин, од страна на полициски службеници пријавено е дека непознато машко лице ги крши стаклата од влезот на зградата.
По пристигнување на место на настанот затекнато е лицето како држи метален предмет во раката. Истиот покрај предупредувањата на полициските службеници замавнувал кон нив со металниот предмет и фрлал со скршени стакла.
Од страна на полициските службеници испукан е по еден куршум од пиштол во воздух и лицето е приведено, а се работи за З.М.(32) од Штип.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.