Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице, a грозоморниот настан се случил откако попот и клисарот заѕвонеле на вратата за да направат претпразнично светење со вода.
Како што објавува телевизијата Стар, штипјанецот кога отворил врата видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал, но за среќа свештеното лице успеало да се спаси од неговите канџи.
Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.
Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но штипските полицајци го потврдуаваат случајот, дополнува во својата информација ТВ „Стар“.