Штипјанец со двете деца скокнал во Брегалница за да се спаси од куче ротвајлер


Штипјанец кој сакал да ги прошета своите две малолетни деца покрај реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица, морал да се спасува од куче ротвајлер, кое не само што немало заштитна маска, туку и неговиот сопственикот воопшто не бил заинтересиран да реагира на паничните повици на децата. Никој не е повреден ниту искасан, но стравот и паниката биле преголеми кај децата, кога кучето тргнало кон нив, а таткото немајќи како и каде да ги заштити децата, заедно со нив влегол во реката, пишува Канал 77.

slike-zivot-5-rotvajler_kavez_941479059Она што најмногу го иритира овој родител, е неодговорниот однос на сопственикот на кучето. Тој едноставно не реагирал на нивните повици да го оддалечи кучето. Таткото вели дека преку институциите ќе ја истера целата процедура.

Од МВР потврдија дека ваков случај е пријавен, но не како напад туку пријава за сопственикот на куче водено и без надзор и заштитна маска. Според член 29 „кој без заштитни средства, без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои можат да престрашат или повредат ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра“.

Минатата година речиси на истото место, покрај реката Брегалница, ротвајлер искаса момче кое што како и преплашениот татко, се обидело во водата да се спаси од разбеснетото куче. Случајот требаше да оди на суд, но се заврши со парична спогодба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1