Што ако еден ден снема интернет? Има ли светот план Б? (Видео)


На интернетот денес се потпираме за речиси сè и едноставно не можеме да замислиме што би се случило кога тој би престанал да функционира.

20.03.internet_1Научникот Дени Хилис вели: Интернетот беше дизајниран со претпоставка дека луѓето со кои комуницирате преку него воедно се и оние на кои им верувате“, изјави за Mashable, додавајќи: „Денес, тие правила веќе немаат вредност“.

Хилис е убеден дека безбедносните пропусти, кои веќе доведоа до неколку инциденти, настануваат поради тоа што користиме интернет за нешта за кои тој првично не беше замислен:  пренос на парични трансакции, достава на храна, превоз и телефонски системи.

„Се подготвуваме за катастрофа како онаа која ја имавме со колапсот на финансискиот систем, кој исто така, беше изграден врз систем на доверба, но за мал број луѓе, а подигнат е на ниво на кое не може да функционира“, вели Хилис.

Тој тврди дека е време да се направи план Б: алтернативна мрежа која ќе биде независна од интернет протоколите. Уште повеќе, научниците веќе работат на таква мрежа.

Извор – Таратур

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1