Што го чека убиецот на Тијана – затвореници опишуваат какво добредојде добиваат вакви монструми


Дел од српските медиуми по откриеното убиство на 15 годишната Тијана Јуриќ и апсењето на убиецот Драган Ѓуриќ (34) анализираат што би му се случувало во затвор, каде според српскиот закон би можел да помине 30-40 години.

203781„Брутално“ е мал збор за она како би се опишале затвореничките закони по кои се казнуваат силувачите и убијците на деца. Според одредени статистики и објавени разговори од српски Телеграф, речиси и да не постои ваков злоставувач кој во затворите поминал неказнето, а најчесто „добредојде“ е силување. И тоа долготрајно и мачно. Вообичаено група од најмалку 10 затвореници со најлонски кеси на половите органи или наоружани со предмети нанесуваат мака и патење.

Како што изјавуваат поранешни затвореници за Телеграф.рс, затворениците со најмногу поминати години зад решетки се најнемилосрдни кон силувачите и убијците на деца.

-Нема милост за нив. Таканаречените „реденки“ се организираат без многу разговор, а целиот процес го води некој затворски лидер или оние кои се докажано најсилни во затворските одделенија. Силувањето не почнува додека лидерот не даде знак. Дури тогаш секој на сам по себе својствен начин од групата далеку од сите очи ѕверски го силува, вели затвореник за Телеграф.рс.

Покрај физичкото злоставување тие се психички понижувани со најлоши пцовки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1