Што им е во главата на масовните убијци


Преку проучување на дневниците на неколку масовни убијци тројца психолози од Универзитетот од Британска Колумбија открија дека причината за ваквото злодело се крие во интензивната параноја, а не во екстремно погрешната перцепција на реалноста.

brejvik-03-afp_ffПсихолозите, предводени од професорот Доналд Датон сметаат дека извршувањето на масовни убиства се резултат на бес, заради одмазда, а не го правеле тоа ладнокрвно.

Датон и останатите до заклучокот дошле пребарувајќи ги блоговите и дневниците поставени на интернет од страна на масовните убијци (кои најчесто масовните убиства ги извршуваат со огнено оружје во училиштата) напишани неколку дена пред да се одлучат на страшниот чин. Во нив јасно може да се види дека масовните убијци се чувствувале отфрлено и биле малтретирани од групата. Сето ова на крајот резултира со одмазда за неправдата која масовните убијци сметаат дека им е нанесена.

Единствено поинаков вид на случај е оној со Брејвик, кој својот бес го насочи кон муслиманите, а не кон колегите на пример.

Клучното за сите случаи на масовни убиства е дека кај масовните убијци постои отстапка во перцепцијата на реалноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1