Сообраќајната несреќа се случила на влезот во село Раштак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според податоците на полицијата, до несреќата дошло откако од камионот со скопски регистарски таблички  натоварен со песок при движење од засега неутврдени причини возачот А.Џ.  и двајцата совозачи Т.Б. и Зоран Ѓ.(56) од село Инџиково скокнале, при што Зоран починал на лице место а останатите двајца се здобиле со телесни повреди и пружена им е прва помош на лице место.