Што ќе се случи со кризата во Грција – 4 можни сценарија


Аналитичарот Џим Рид од Дојче банка смета дека после грчкиот референдум постојат четири можни сценарија за таа држава.

Тој тврди дека најмалку веројатно е сценарио партнерите од еврозоната на Грција да и понудат многу „помека“ програма односно поволен пакет мерки.grcija22

Со голема веројатност е и опцијата Грција да попушти и да остане во еврозоната благодарение на рекапитализацијата на своите банки со европски пари, при што грчката Влада за своите фискални потреби би користела само домашни извори на приходи.

Трето можно сценарио за Рид е актуелната грчка Влада да ја загуби власта бидејќи поради затворените банки има се поголеми економски и политички проблеми и се создава нова влада на национално единство која со кредиторите постигнува нов договор.

Четвртото сценарио подразбира излегување на Грција од еврозоната. За тоа да се случи, главниот аналитичар на таа банка, Стефан Шнајдер смета дека шансите се 40 отсто.

Шнајдер тврди дека ЕЦБ веројатно ќе сочека одлука на министрите од еврозоната во вторник пред да отпушти какви било дополнителни средства за Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1