Што ќе се случи со Русија доколку Путин е мртов?!


Рускиот претседател Владимир Путин не е појавен во јавност од 5 март, а веќе започнаа да прават „планови“ за тоа каков ќе биде светот кога него ќе го нема.
И повеќе од сигурно е дека нешто се случува во Кремљ во текот на изминатата недела, но што и да е, тоа многу добро се чува во тајност.putin0_113996
Дел од оговарањата на сметка на неговото „исчезнување“ се следните: „Путин е сменет од власт“, „Путин има рак“, „Путин имал срцев напад“, „Девојката на Путин родила син“….а хаштагот „Путин е мртов“ за малку ќе го соборел Твитер.
Други пак сметаат дека Путин во тајност со своите соработници  разработува страшно сценарио за Западот или пак за Украина.
Покрај сите овие гласини, „нормално“ е да се постави прашањето: Што ќе се случи ако Путин е мртов?
Бизнис Инсајдер направи една таква анализа:
Постојат правни и политички можности, но ниту една не е предвидување туку само можна алтернатива за новонастанатата ситуација.
Доколку Путин веќе не е жив, постои многу јасна процедура која на краток рок го решава прашањето за негова замена.
Бидејќи Русија нема потпретседател, претседателот на Владата ја презема улогата на претседател. Во моментов премиер на Русија е Димитри Медведев, што значи дека доколку Русија „наеднаш“ остане без претседател тој ја зазема таа позиција.
Тимот на Путин е добро запознаен со оваа „тактика“, бидејќи тој самиот стана претседател на таков начин, во 1999 година кога Борис Јелцин даде оставка.
Новиот претседател, (во случајов Медведев) може да ја извршуваа функцијата претседател најмногу 90 дена, за кое време треба да се организираат нови избори.
Што потоа? Кој би се кандидирал за нов претседател на Русија?
Медведен е доста популарен во Русија, а и добро познат е и на Западот. Многу е тешко, кој покрај него би се кандидирал за иден претседател на Русија…
Sitel.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1