Швајцарски научници предупредуваат дека најмногу на мета се луѓето со вградени пејсмејкери и дека за нив последиците можат да бидат фатални.
Истражувањето што го спроведоа, покажува дека е доволно да му се доближите на само 3 сантиметри на магнетот за срцевиот уред да биде дестабилизиран. Таков е случајот кај помодерните видови сребрени магнети, кои се со поголема магнетна сила од оние постарите, кои се направени од железо и се безопасни. Инаку, вакви сребрени магнети може да се сретнат и во компјутерите, слушалките, играчките, накитот и облеката.
Во истражувањето, швајцарските научници ги тестирале новите магнети на 70 пациенти со вградени пејсмејкери. Секој од испитаниците имал потешкотии кога ќе се најдел на растојание од 3 сантиметри, макар и кога се користел мал 8-грамски магнет. Штом ќе се одалечеле, пејсмејкерите за кратко време се враќале во нормала.