Улиците и автомобилите вчера беа целосно забелени од тенка покривка која наликуваше на снег. Се работи за врнежи се интересна комбинација од маглата и честичките кои ни го загадуваат воздухот, пренесе Метеопро.
Честичките потоа имаат улога на т.н. јадра на кондензација. На овие јадра се нафаќаат и мрзнат ситните капки на вода од кои е составена маглата. Кога доволно капки ќе се „налепат“ околу честичката, тие формираат снегулки кои потоа паѓаат на тло. Нема ништо чисто во овој снег.