Што постојано пишуваат луѓето околу Ким Џонг Ун?


Ако и малку сте ги следеле случувањата во Северна Кореја, сигурно ви паднало во очи дека на фотографиите покрај лидерот постојано има луѓе кои нешто запишуваат во нотес. 

462877_koreja-foto-reuters-4_f462876_koreja-foto-reuters-3_f

 

Професорот Џејмс Грејсон од Универзитетот Шефилд, кој воедно е и експерт за случувањата во Северна Кореја вели дека не станува збор за новинари, туку тоа се војници и владини службеници.

Оваа пракса ја вовел дедото на актуелниот владетел, Ким Ил Сунг уште во 1950 година, а со запишувањето се дава до значење на моќта на зборот на владетелот. „Тоа е дел од имиџот на голем лидер кој нуди благонаклонето лидерство и корисни совети“, објаснува Грејсон.

462878_koreja-foto-reuters-5_f462879_koreja-foto-reuters-6_f

На пример еден од весниците во Северна Кореја во 1976 година кога владеел, дедото на Ким, објавиле текст во кој се опишува што се случувало за време на посетата на една фабрика: „Набљудувајќи го камионот, претседателот рече дека приколката е премногу мала во споредба со силата на камионот. Тој рече дека проблемот со превозот може да се реши ако се зголеми проколката“. После тоа капацитетот на приколката бил зголемен од 800 кг. на 2,5 тона, така што со 20 камиони можело да се пренесе товар за кој порано биле потребни 50.

462881_kim-jong-un-01foto-reuters_f462930_kim-jong-un-2-foto-reuters_f

Сепак, тоа не значи дека владетелот и државните медиуми пренесуваат се што се запишува. Токму поради тоа „запишувачите“ мора да се трудат што е можно попрецизно да   ја запишуваат секоја кажана реченица, затоа што било кој пропуст може скапо да ги чини.

462933_kim-jong-un-5-foto-reuters_f462931_kim-jong-un-3-foto-reuters_f

 

Иако во Северна Кореја има таблети, предност му се дава на нотесот и пенкалото, затоа што така се почитува традицијата и се искажува почитување на мудроста и севкупното знаење на лидерот. 

 

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1