Гратис! Секогаш добредојден момент, или понекогаш не!. И се расипал телефонот, го однела на сервис, и го вратиле назад поправен, ова треба да биде едноставен процес без непредвидени ситуации, но не е.
Откако Швеѓанката го однела на сервис, мобилниот телефон бил испратен во фабриката каде што е произведен, го поправиле и повторно го вратиле во сервисот. Кога сопственичката почнала да го чепка телефонот за да провери дали сите функции се во ред, забележала видео што никогаш не го снимила.
Добила бонус материјал ( некој од сервисот или пак од фабриката си го снимил телесното „себеспознавање“:) и го зачувал во телефонот). Разбеснета корисничката се јавила во сервисот, а внатрешната истрага утврдила дека снимката е дело на работник во фабриката. Добил отказ, па сега ќе може да се снима порелаксирано.
Швеѓанкатаа ќе добие нов телефон, бидејќи како што вели нејзините раце нема никогаш да го допрат „сервисираниот“ телефон.