Што предлага Ванхауте, а што ВМРО-ДПМНЕ за реформи во медиумите?


Меѓународната зедница пред речиси два месеци преку посредникот Питер Ванхауте достави предлози за реформите што треба да се направат во медиумската сфера.

Во тој предлог што беше презентиран пред новинарите се предлага членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги да се избираат со двотретинско мнозинство во Собрание откако ќе се пријават на јавен конкурс. Тие треба да бидат професионалци и експерти, а треба да обезбедат поддршка од фелата и од други организации посветени на медиумите. mediumi kameri novinari

Избраните членови би имале мандат од пет години со можност за реизбор. Се предлага директорот на Агенцијата да го именува Советот.

Во случај на прекршување од страна на некој медиум, Советот ќе почне дијалог со медиумот, при што првата мерка ќе биде предупредување, а лиценца ќе се одзема само во случај на ригорозни прекршувања. На сличен начин треба да се избираат и членовите на Советот на МРТ, а меѓународната заедница предлага буџетот на јавниот сервис да биде еден процент од државниот буџет.

Во однос на владиното рекламирање, предлогот на Ванхауте предвидува за владините пораки кои се од јавен интерес, јавниот сервис и комерцијалните медиуми да не добиваат паричен надоместок туку тие да бидат бесплатни.

Се предлага и намалување на данокот на додадена вредност за комерцијалните телевизии од 18 на 5 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ во предлогот што пред неколку дена го достави до членовите на работната група, пак, предлага да се донесе Закон за владино рекламирање. Во однос на МРТ, се предлага да се финансира комбинирано како и досега со радиодифузна такса, а наместо 0.14 отсто од државниот буџет да се одвојуваат 0,17 отсто. Застапеноста на партиите да биде според комбиниран словенечко-германски модел, односно на МРТ да ги има според тоа кој колку гласови освоил на последните избори.

ВМРО-ДПМНЕ предлага во МРТ, 100 дена пред избори, информативната програма да ја водат двајца уредници – еден од власта, еден од опозицијата.

Владејачката партија во однос на Советот на Агенцијата за медиуми предлага во него да има седум члена како и досега, по двајца од ЗНМ и од МАН, а по еден од МАНУ, универзитетите и од Адвокатската комора.

Во овој предлог нема никакво ново решение околу тоа како би се избирале директорите на МРТ и на Агенцијата за медиуми, ниту, пак, околу нивните надлежности.

Владејачката партија бара и намалување на казните за медиумите, а на порталите да им биде наложено да бидат регистрирани како трговски или да не се третираат како медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1