Што разговарале Груевски и Заев во Стразбур


Македонскиот премиер Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев не успеаја да ги надминат разликите за време на преговорите во Стразбур кои траеа 10 часа, со посредство на европратениците и на комесарот за проширување на Јоханес Хан.gruevskizaev

“Се анализираат сите предлози и идеи. Отворено се погледнува кон сè. Создавањето на преодна влада не се исклучува. Искрено се радувам што успеваме да го икористиме плодно нашето влијание во преговорите”, изјави европратеникот Ховит пред македонските медиуми.

Тој одби да даде повеќе детали. Се очекуваше Груевски и Заев да дадат официјални изјави, но тоа не се случи до доцните попладневни часови вчера. Следниот состанок меѓу двајцата ќе е во Скопје на 26 мај.

Како што пренесува Плусинфо, двете страни само ги образложиле своите ставови, се дискутирало но страните биле далеку од изнаоѓање решение за излез од политичката криза

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема ниту неофицијални брифизни за епилогот на долгите преговори

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1