Што се крие под Москва? Мистерија од ходници, цел подземен моќен свет


Во градскиот пејзаж на Москва доминираат седум облакодери, таканаречени „Сталинови сестри“, кои се познат симбол на советската моќ. Но, овие згради се само „врв на ледениот брег“: под нив, како и под поголем дел други згради во Москва, се наоѓа цел еден подземен град со свои премини, скривници, реки-понорници, системи за снабдување, приказни и мистерии.

Тлото под Москва потсетува на огромен сунѓер. „Руска реч на македонски“ ве води на прошетка низ подземјето на најголемиот европски град.Оставина од Студената војна: Скривници во МоскваMoscow_underground_1_468По војната, кога започнала трката за вооружување помеѓу СССР и САД, советските инженери и научници добиле задача да изградат скривници во поголемите градови. Постојат два вида вакви градби. Самостојните скривници биле осмислени како привремени скривници и се наоѓаат на само 5-6 метри под земјата. Вториот тип се скривници кои се наоѓаат под станбените објекти, училиштата, болниците, фабриките, железничките станици, и можеле да примат стотици луѓе на два или на три дена (некои облакодери од времето на Сталин имаат навистина просторни скривници). Тие се изградени на длабочина од 20 метри, а нивните влезови се заштитени со двојна херметичка врата. Самостојните скривници се препознаваат по вентилациските отвори и влезовите кои се наоѓаат над земја. Во скривниците во зградите се влегува од подрумските простории и тие на прв поглед не се видливи.

Скривниците во московските згради се снабдени со опрема за задоволување на животните потреби, како што е дизел-агрегат, систем за филтрирање и за освежување на воздухот, вода за пиење и лекови (но, не и на храна ако скривницата не се користи). Тука имало и гас-маски, одела за хемиска заштита, секири и лопати во случај по бомбардирањето луѓето да мораат да се пробиваат низ урнатини за да излезат на површината. За време на редовните часови по цивилна заштита советските граѓани и ученици биле обучувани и како да ја користат опремата и средствата во скривниците.

18112013184045_moskovsko metroПодучувањето ученици било мошне успешно, зашто тие брзо учеле како да ги најдат скривниците и да влезат во нив. За среќа, тие никогаш не биле искористени, така што до денес главно се претворени во магацини, во фитнес-центри, музички студија и слично. Сепак, постојат и такви кои се сè уште зачувани и можат да служат за својата основна намена. Некои од нив редовно се користат во неофицијалните натпревари за „најдобро опремени скривници во реонот“. Сите споменати скривници се релативно нови објекти – во Москва постојат и подземни градби кои датираат уште од средниот век.

Подземните простории на Кремљ

Првите подземни објекти во Москва се изградени кон крајот на 15 век за одбрана на Кремљ. Во времето на постојаните воени судири требало добро да се утврди главната московска тврдина, со цел да можат да издржат долготрајна опсада. Во оваа работа учествувал и Аристотел Фјораванти, италијански архитект и инженер. Се верува дека Фјораванти, кој во Русија е познат како градител на Успенскиот храм во Кремљ, го осмислил и планот за изградба на Московскиот Кремљ.

Поголемиот дел кули во Кремљ имаат просторни подруми. За време на опсадите можеле да се користат како складишта за продукти, а некои од нив имале и тунели кои воделе надвор од градските ѕидини, така што бранителите можеле да ја добијат потребната муниција, но и пораки, додека тајните бунари обезбедувале вода за пиење. Премините под ѕидините биле уште поважни. Во неосвоивата тврдина можело да се продре единствено со поставување на подземни мини и со уривање на некој од ѕидовите, така што бранителите ги користеле посебните премини (наречени уши) со цел од тврдината да можат да следат дали непријателите поставуваат мини. Во 20 век започнало истражување на подземјето на Московскиот Кремљ во потрага по библиотеката на царот Иван Грозни, но оваа акција завршила безуспешно. Излегло дека поголемиот дел од премините се затрупано со ерозија, па положбата на многу подземни простории не може да се утврди.

Подземни реки

Crkva-u-Kremlju-Moskva-RusijaНа почетокот на 19 век во Москва се појавиле уште подземни објекти. Текот на Неглинка, реката која тече на површината од населбата Марина Рошча низ центарот на градот и се влева во реката Москва, бил затворен во канал со изградба на колектор, кој потоа станал најзначаен московски подземен премин.

Во текот на седумдесеттите години на 19 век колекторот Неглинка го посетил прочуениот руски новинар Владимир Гиљаровски, и меѓу првите објавил забелешки за она што го видел во тој подземен свет – влажни ѕидови од тули покриени со густа мувла и со еден куп отпад, толку длабоки и лепливи, што би можеле да заробат човек. Во тоа време Неглинка била преполна со градски отпад и често се излевала. Овој проблем бил решен дури во седумдесеттите години од минатиот век.

Исчистена од отпад, Неглинка почнала да привлекува нови посетители – млади и нешто постари истражувачи кои без дозвола ги посетувале нејзините колектори во потрага по нови доживувања и возбуди.

„Руска реч на македонски“ стапи во контакт со еден од овие научници – млада девојка со прекар Пила, која подземјето го истражува од естетски причини и од љубов кон древната архитектура. Според неа, Неглинка и поголемиот дел градски колектори денес се релативно добро проучени и безбедни – на овие места попрво ќе доживеете некоја смешна ситуација или ќе сретнете пијана дружина, одошто ќе наидете на подземно чудовиште: „Еднаш минувавме низ еден тесен ходник од тули под центарот на градот и видовме дрвен прозорец во ѕидот. Зад прозорецот видовме девојка која седи на тоалетна школка – прозорецот гледаше директно во клозетот од нејзиниот стан! За среќа, девојката не се исплаши од нас и не нè избрка, туку ни понуди шише вода.“

Освен Неглинка, во Москва има уште многу неистражени подземни рекички, каде, како што вели Пила, современите „копачи“ се сретнуваат со истите проблеми како и Гиљаровски порано: „Овие реки се сè уште преполни со отпад, а маглата во нив понекогаш е толку густа што одвај можете да си ги видите нозете. Морате да земете батерија, одело за хемиска заштита и јаже, и да одите во група. Кога врне силен дожд, често се случуваат поплави и тогаш е исклучително опасно да се истражуваат овие реки. Може да настрадате ако ве понесе нивната моќна струја.“

Руска реч
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1