Како е можно среде онаква провала на облаци мерните инструменти да регистрираат рапидно влошување на квалитетот на воздухот во главниот град?
Графиконот кој го гледате а го објави ОФФ.НЕТ.МК е последниот приказ за квалитетот на воздухот кој го имаме на метео делот на сајтот а автоматски го преземаме од мерните инструменти на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Скриншотот е земен вчера (26.05.2014) а се однесува на вечерните часови на претходниот ден. Токму кога во Скопје се случуваше ретко видена масовна провала на облаци со паднати 40-тина литри вода на кавдратен метар, инструментите регистрирале тотално неочекувана појава – драстично зголемување на загаденоста на воздухот.
Од 50-тина на микрограми на метар кубен во 22 часот, што е на границата на дозволените количини, веќе во 23 часот (жолтата линија) биле речиси 300!?