Богатите масовно се преселуваат во подземни бункери.
Дали се сеќавате на филмот „2012“ во главна улога со Џин Кјузак? Особено на делот во кој се зборува за картите кои ви ги отвораат вратите кон арката?
Теоријата на заговр за подземни скривници во кои светската елита планира да се сокрие во случај на голема катастрофа, деновиве е многу актуелна. Подземните домови предвидени во случај на големи природни катастрофи, или нуклеарни напади не се нешто ново.
Но, ново е тоа што се повеќе се зборува како истите се полнат со храна, а некои богаташи деновиве се преселиле внатре со своите семејства.
Познатиот „теоретичар на заговори“ Џим Марс тврди дека банкарската елита забрзано се подготвува за апокалипса и се прашува што толку големо се случува со светот.
Што е она што тие го знаат, а јавноста не? Дали нам ни се заканува голема природна катастрофа или хаос на финансискиот систем?
Имено, поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД, неодамна во јавноста изнесе информации за тоа дека важни луѓе од оваа агенција се селат „во подземна зона на безбедност“. А тоа е еуфемизам за градови и планини кои содржат доволно количество на вода и храна за неколку години. „Подземниот комплекс“ е огромен и вооружан со алтернативни средства за комуникација.
Можеби ова е само интернет приказна која ќе биде заборавена за неколку месеци, а можеби и не?