Што се случува со нашето тело додека спиеме?


Имајќи предвид колку е напорен современиот живот, спиењето изгледа како неповратно загубено и непродуктивно време, пишува Science Alert.

Тоа што спиете сепак, не значи дека со вашето тело не се случува ништо. За да ни помогне да го разбереме подобро и полаички она што се случува со нашите тела кога спиеме, уметникот Јан Дием ја создал оваа интересна инфографика, што ја објаснува активноста во организмот во текот на различните фази.spienje-3-260x300

Првиот стадиум е времето помеѓу будната состојба и тоа кога сте задремале. Тогаш се уште е многу лесно некој или нешто да ве разбуди. Ако тоа се случи, нема воопшто да почувствувате било каков позитивен ефект од краткиот сон.

Вториот стадиум е она што научниците го нарекуваат „среден сон” – во него го поминуваме поголемиот дел од ноќта. Тогаш мозочните бранови се спори, крвниот притисок опаѓа и срцевиот ритам се смирува. Токму тогаш го добиваме потребниот одмор.

За време на третиот стадиум сме во најдлабоката фаза на спиењето. Речиси сите телесни функции се забавени значително и нашето тело почнува полека да се опоравува. Тоа е и фазата, во која месечарите одат, зборуваат или јадат на спиење.

REM стадиумот е времето кога доживуваме најреални соништа. Научниците го нарекуваат овој сон „парадоксален”, бидејќи телото е опуштено, но мозокот работи како да сте будни. Мускулите се парализирани, а срцевиот ритам и дишењето имаат различен степен на активност.

Повеќе на BabinLek.com2014_Sleep_0-871x1024

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1