Што се случува: Вклучени сирени и огромен број полицајци по скопските улици


policija centar nokjГолем број полициски автомобили со вклучени сирени вечерва може да се забележат низ цело Скопје.

Очевидци за Press24 велат дека огромен број полицајци се движат низ скопските улици, полициски автомобили со вклучени сирени, а зголемен е и бројот на полицајци по улиците.

Вечерва и онака имаше зголемено полициско присуство поради завршни митинзи на политички партии но она што ги вонемирило граѓаните е што повеќе полициски автомобили минувале со вклучени сирени и тоа не во близина на локациите каде се одржуваа митинзите туку низ повеќе скоппски улици.

Се уште нема информација за што станува збор. Штом ќе добиеме повеќе информации веднаш ќе ја надополниме оваа вест

Порталот Мактел пак јавува дека врие од полиција во скопското село Брњарци, автобус полн со Албанци од Арачиново кои се враќале од митинг на ДУИ, по грешка завршил сред македонското село што предизвикало инциденти и тепачки.    Во моментов во селото има над 100 специјалци од МВР јавува порталот.         

според одредени информации зголеменото присуство на полициски автомобили со вклучени ротациски светла и сирени се должи на фактот што вечерва во Македонија е екстрадирано лице обвинето за убиство кое се барало со потерница.  

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1