Во Србија е уапсен маж, откако кај него полицијата пронашла сириски пасош, со податоци идентични на оние од пасошот пронајден во близина на телото на бомбаш самоубиец во Париз.
Пасошот бил издаден на име на 25- годишниот Алмохаманд Ахмад, но со поинаква фотографија од онаа пронајдена во петокот во пасошот на бомбашот самоубиец од Париз, пренесува „Гардијан“, повикувајќи се на извор од српската полиција .
Овој податок предизвикал загриженост и сомнеж дека пасошот кој бил користен како документ на еден од напаѓачите, е всушност лажен.
Инаку се уште е нејасно дали бомбашот самоубиец, кој се разнесе пред стадионот „Стад де Франс“, навистина минал низ Грција , Македонија , Србија и Хрватска , како што се претпоставуваше досега на основа на податоците од пасошот.