Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во целосна борбена готовност Северната флота и воздушно-десантни единици и Западниот воен округ, во рамки на проверка, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во Националниот центар за управување со одбрана на Русија.
Во денес започнатата во 8 часот по московско време проверка на воената готовност учествуваат 40 илјади војници, 3360 единици воена техника, 41 воен брод, 15 подморници, 110 авиони и хеликоптери, јави ТАСС.