Овен
Како што е првиот астролошки знак, така сака и во животот на своето дете во сè да остане прва и најдобра – засекогаш. Таа постојано е во движење и со полувоен став. Страшно многу сака да наредува, па верувајте дека и вие ќе стигнете на ред. Тука нема помош.
Совет: Со неа најдобро е да се борите така што ништо нема да сфаќате сериозно, а после нејзиното излагање додадете нешто иронично. Немојте да се покорувате, ниту да се карате.
Бик
Таа е неверојатна опасност за луѓето со тенки нерви. Во сè сака да си го пика носот, за сè ќе ве советува – храната, облекувањето, парите, па и сексот. Постојано ќе ви кажува дека сака сè што сакате и вие, а потоа зад ваш грб ќе си прави по свое. Многу е тврдоглава и воопшто не попушта.
Совет: Против неа најдобра тактика е никогаш да не попуштате и да се надевате дека нејзината сила ќе трае пократко од вашата.
Близнаци
Оваа жена со неуморен јазик е во состојба секого да го избезуми. Прво лукаво ќе се притаи, ќе ја анализира ситуацијата и ќе ги открие вашите болни точки. Сака да се меша апсолутно во секој аспект од вашиот живот. Од друга страна, на неа никогаш не можете да се потпрете.
Совет: Од неа никогаш нема да добиете совет како се чисти, пере и готви. За неа куќата е само проблем, па за неа не сака ни да слуша. Немојте да зборувате на оваа тема.
Рак
Под нејзината мајчинска слика се крие еден од најстрашните ликови во Зодијакот. За неа не постои шега! Таму каде што оди, трева не расте. Свекрвата со синот ќе си има посебен однос, па откако ќе се земете, освен маж, дефинитивно ќе си добиете и свекрва.
Совет: Против оваа „напаст“ најлесно е да се изборите така што ќе ја добиете нејзината доверба. Тогаш ќе може да почнете да си работите по свое.
Лав
Ако вашата свекрва е родена во знакот на Лавот, тогаш можете само горко да си плачете. Кога таа ќе влезе во вашиот живот, вашите права ќе останат пред врата. Таа не прашува, таа наредува. Сепак, како утеха, таа не го прави тоа од пакост, туку тоа е едноставно нејзината природа. Поради тоа никогаш немојте да се повлекувате, бидејќи ако еднаш ве покори, тоа ќе биде засекогаш.
Совет: Бранете ги своите ставови и никогаш не попуштајте. Тоа ќе биде знак за неа дека со вас сепак би требало поинаку да се однесува.
Девица
Со неа никогаш не е лесно. Таа е толку педантна, чиста и прецизна, што веќе после една недела заеднички живот, ќе ве боли главата. Ако за брзо не се отселите – готови сте. За среќа, има вродена дискреција, па нема премногу да го пика носот во вашите работи. Најчудно е што со тек на време ќе поверувате на нејзините зборои.
Совет: Единствен лек против неа е да сте доволно далеку… на пример, во Нов Зеланд.
Вага
Оваа свекрва е една од најпрефинетите во Зодијакот. Секогаш е дотерана, нашминкана и подготвена за изложба. Вам ќе ви забележи дека сте некако „неуредни“ и дека за нејзиот син не водите премногу сметка.
Совет: Игнорирајте ги нејзините нови костими, а новата фризура немојте да ја забележувате, никако!
Шкорпија
Со оваа свекрва не е лесно. На моменти е нежна и сака да помогне, а има моменти кога руши сè пред себе. Нема да го поштеди ниту сопствениот син, не пак вас или некој друг.
Совет: со неа мора да сте или пријател или непријател, но многу подобро е да сте првото, бидејќи во спротивно вашиот инает никогаш нема да заврши среќно.
Стрелец
Со неа никогаш нема да ви е досадно. Може бескрајно долго да ви прераскажува за приказни од целиот свет. Но, знае кога да престане и ја цени вашата слобода. Има развиено чувство за правда.
Совет: За борба против неа мора да сте вистински психолог. Со оглед на тоа што таа е насмеана и весела и светот го доживува како радост, слобода и среќа, зборувајте и за ужасите и гадотиите во светот.
Јарец
Таа е силен, тежок и упорен противник. Најчесто е непобедлива! Тешко дека ќе и најдете слаба точка. Но, кога во животот навистина ќе ви треба помош, таа прва ќе ви помогне и со едноставни совети ќе ви помогне да ги решите проблемите.
Совет: Ако сакате да ја поразите, вознемирете ја. Забележете и дека лошо изгледа и ви се чини дека нешто не е во ред со неа. Тоа ќе ја раздрма.
Водолија
На свекрвите Водолии им е сеедно за сè и не се замараат премногу за редот и законот. Нема баш да одржуваат ред во куќата, но нередот кај вас секогаш ќе го забележат. Повеќе ја интересираат проблемите на јужноафриките верверички, отколку што се интересира што ќе зготви утре за ручек. За неа најважна е слободата.
Совет: Немојте да и сметате и вашите односи ќе бидат многу добри. Ако сакате да ја оддалечите од себе, одлучете се за ладна војна. Нејзино оружје се хистеријата и ладниот интелект.
Риби
Кога дома имате свекрва Риба, тогаш може да се каже дека сте во неволја. Толку го разгалила своето дете, што тоа и сега, кога е во брак, ќе бара мајчинска нега – и тоа од вас! Благодарение на свекрвата Риба, вие имате маж кој се однесува како разгалено детиште, сака доручек во кревет, секогаш испеглана и уредна облека.
Совет: Ако живеете заедно ќе мора да станете нејзина копија. Сè ќе мора да биде убаво и складно за да може нејзиното синче да биде крал на престолот. Ако сакате да се ослободите од неа, ќе останете и без свекрва, но и без партнер.
Portal