Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се венчаа денеска во Венеција во присуство на членовите на семејството и најблиските пријатели. Една од најубавите тенисерки во светот се омажи за германскиот фудбалер, а невестата блесна во скромната венчаница.
Новопечената брачна двојка изгледала пресреќно, а од општината во Венеција Ана и Бастијан изглегле држејќи се за раце и веднаш се качиле во гондола.
Српската тенисерка и германскиот фудбалер организираа свадба од три дена во хотелот „Аман канал гранде“ која ќе чини околу милион евра.