Штрајкуваат и вработените во Советот на ЕУ


На повик на Унијата на синдикатите, најголемиот синдикат на европските јавни службеници кои се незадоволни од планираниот пакет реформи, околу 3.500 вработени во Советот на Европа вчера стапија во штрајк.

on-strike1-630x266Незадоволство меѓу службениците во Брисел владее поради пакетот реформи на Унијата, со кои е предвидено 40 работни часови неделно и поголема старосна граница за заминување во пензија.

Синдикатот наведува дека во наредните 15 години европските службеници ќе изгубат околу 60 отсто куповна моќ доколку државите-членки на ЕУ продолжат со политиката на штедење. Вработените се незадоволни и од предлогот за зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 63 на 67 години.

Планирано е зголемувањето на платите да биде помало, а придонесите за пензии зголемени. Со примена на овие мерки до 2017 година би требало за пет отсто да бидат намалени трошоците на персоналот. Бруто платите на европските службеници се движат од 2.600 до 4.400 евра за секретари и асистенти, односно од 4.400 до 18.400 еврза за повисоките слубеници.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1