Поранешниот прв човек на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос Кан, кој е обвинет за сексуално вознемирување на келнерка во Њујорк, се закани дека ќе го тутжи белгискиот секс клуб чии иницијали се „ДСК“, кој ги има истите иницијали како и неговото име и презиме.
„Додо секс клуб“ требало да биде отворен во Блатон, град на белгиско – францускота граница, а
Штрос Кан го разлутило тоа што овој клуб ги има неговите иницијали по кои е познат во јавноста. Тој соопшти дека ќе ги преземе сите правни мерки за да го спречи валкањео на неговото име.
Инаку, сопственикот на клубот Доминик Алдервајрелд, кој држи ланец на јавни куќи во Белгија, ќе се појави на суд поради организирање на проституција во Лил, во Северна Франција.