Загрижувачки е бројот на регистрирани случаи на шуга во државата. Од јануари до март, во Институтот за јавно здравје има пријави за 92 лица кај кои било потврдено ова заразно заболување, пренесува zdravstvo24.mk
Најголем број или 30 од нив се од Куманово. Овој наплив од заразени надлежните го поврзуваат со поплавите кои беа во овој град. 27 биле регистрирани и во Скопје, 11 во Прилеп и 10 во Битола.
Најголем број се од ромска популација. Меѓу заразените има и деца и повозрасни. Заразата се карактеририза со чешање по телото и се пренесува преку контакт како и од постела и алишта.
Болеста поминува за една недела доколку се почне со терапија и се применуваат основните хигиенски навики. Епидемиолозите апелираат заболените да не чекаат и да ја шират заразата туку веднаш да сe јават на лекар.